-->
-->
Грците не престануваат - Оштетен скопски автомобил во Грција
-->
Автомобил марка „Цитроен Ц5“ со скопски регистерски ознаки, викендов бил оштетен во Ксарти, Грција.
Како што соопшти МВР, во саботата на граничниот премин „Богородица“, Н.К. од Скопје, пријавил дека ден претходно во местото Ксарти, му било оштетно возилото, така што на задниот дел од автомобилот му била потурена зелена боја (фарба). Случајот бил пријавен во грчката полиција, но пријавителот не добил никаков документ за поднесената пријава.
-Овој случај се надоврзува со претходните пет случаи во кои беа оштетени возила на македонски државјани, како и еден случај на кражба на регистарски ознаки, кои сезонава се случија на повеќе места во Република Грција, се наведува во соопштението на МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста