Македонија
2. May 2024 - 12:29

Бројот на пловила се зголемува, но нема марина

Прошетката со катамарани по езерото- вистинска атракција за странските гости. Сопствениците на пловните објекти задоволни од интересот за пловење. Тие пловат зависно од желбата на групите туристи, кои според однапред склучен договор ги изнајмуваат за екскурзии до атрактивните локации на брегот на езерото.

Бројот на пловила се зголемува, но се уште нема марина каде би се паркирале и чувале пловните објекти.

И ова лето сопствениците на скапи јахти, глисери и едрилици ќе мора да ги закотвуваат пловилата во Студенчишкиот канал кој не располага со соодветна инфраструктура потребна за одржување и обезбедување на пловилата.