Грција го повика на консултации својот амбасадор во Австрија
Грчкото Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го повикало на консултации својот амбасадор во Австрија, ден откако во Виена беше одржана конференција на министрите за внатрешни и надворешни работи на земјите од Западен Балкан на тема мигрантската криза, а на која грчки претставници не беа повикани.
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас го повикал денеска грчкиот амбасадор во Виена со цел „да се обезбеди зачувување на пријателските односи меѓу двете држави и народите на Грција и Австрија“, се наведува во соопштението на Министерството, пренесува Танјуг.
Грција поради својата голема морска граница со Турција и близината на грчките острови на грчкиот брег стана главна точка од каде влегуваат стотици илјадници луѓе кои бегаат од војни и сиромаштија во своите земји и се надеваат на подобар живот во Европа.
„Јасно е дека со големите проблеми на Европската Унија не може да се избориме со помош на мислите, менталитетот и вонинституционалните иницијативи кои потекнуваат од 19-от век. Таквите дела би можеле да ги поткопаат темелите и процесот на европското обединување“, предупредува Министерството.
Ново на Сител
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор
-
УХМР: Следните два дена топло, потоа локален пороен дожд и ветер
-
Нелегално оружје и муниција одземени од стружанец, за дел поседувал дозвола
-
Три месеци затвор за убиството на кучето Феликс
-
Лекар во Струшката болница го оштетил буџетот на установата за два милиони денари
-
Кривична пријава за дебранец за недозволено изработување и трговија со оружје и муниција
-
Лим од заштитна ограда на градилиште падна врз велосипедист кај „Беко“