Грчко МНР: Доколку има потреба Грција ќе ги брани своите законски интереси и права
Грција нема никакви претензии кон Турција и е за дијалог врз основа на меѓународното право. Меѓутоа, доколку се појави потреба, ќе ги брани своите законски интереси и права, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција во врска со состанокот на Советот за национална безбедност на Турција, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчкото МНР велат дека „Турција има целосно право со секое законско средство да ги брани своите интереси, под основен услов да ги прифати правилата на меѓународното право“. -Сепак, нема никакво право флагрантно да го прекршува меѓународното право и да ѝ се заканува на Грција со војна (casus belli).
Грција нема никакви претензии кон Турција и е за дијалог врз основа на меѓународното право. Меѓутоа, ќе ги брани своите законски интереси и права доколку се појави потреба, пишува во соопштението од Министерството за надворешни работи на Грција
. Реакцијата од грчкото МНР е по одржаниот Совет за национална безбедност на Турција свикан од претседателот Реџеп Таип Ердоган, на кој се разговарало и за односите со Грција, а според соопштението од турската страна било истакнато дека нема да се воздржуваат „од употреба на секакви легитимни методи и средства во рамките на меѓународното право за заштита на правата и интересите на земјата“ и ги повикуваат „да се вразумат круговите кои ја охрабруваа Грција да ги вооружи островите со демилитаризиран статус“.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ДУИ и СДСМ го уништуваат здравството и во последните денови од владеењето
-
Продолжуваат преговорите за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, учеството на Знам неизвесно
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановската болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје
-
Денот на младоста - Празникот што ги обединуваше младите во поранешна Југославија