Грчки анархисти предупредуваат дека „ќе се лее крв“ на протестот во Атина
„На 4 февруари може да се лее крв“, предупреди грчката анархистичка група „Рубикон“ во пресрет на протестот во Атина за името „Македонија“, што го организираат десничарски здруженија со поддршка на некои политички партии и на црквата.
На социјалните мрежи анархистите објавија дека „4 февруари ќе биде нивниот ден и нема да помине без жртви“ и оти тие нема да дозволат да бидат провоцирани од фашистите за време на собирот, пренесува грчки Њуз.ин.
Потпретседателот на најголемата опозициска партија Нова демократија, Адонис Георгиадис, на Твитер оцени дека предупредувањето на анархистите е обид за заплашување, за да нема луѓе на протестот.
- Ако маскираните од плоштадот Ексахиа дојдат да не попречуваат и употребат сила, одговорноста за тоа ќе ја има премиерот Алексис Ципрас, наведува Георгиадис.
Ново на Сител
-
Перински во Чаир: Владата стои зад општините
-
УГД ќе гради нова зграда за факултетот по медицински науки
-
Обучени волонтери ќе се вклучуваат во гаснење пожари
-
Карневалски подготовки во Струмица
-
Реконструкција на Охридскиот аеродром и Скопската болница
-
Преглед на вестите од светот
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија