Граничниот премин Калово меѓу Македонија и Србија денеска ќе биде отворен до 22 часот
Во текот на денешниот ден жителите на Општина Крива Паланка и жителите на Општина Трговиште ќе можат да ја минуваат дражавната граница помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија на привремениот граничен премин во село Калово.
Преминот ќе биде отворен во периодот од 9 до 22 часот, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.
- Во текот на денешниот ден се овозможува непречено движење на Општина Трговиште и Општина Крива Паланка. За преминување на државната граница преку привремениот граничен премин потребно е физичкото лице да е државјанин на Република Северна Македонија или Република Србија, да поседува важечка патна исправа, лична карта или пасош, издадени согласно националното законодавство од надлежен државен орган на двете држави со кој може да се утврди идентитетот на лицето, информираат од Општина Крива Паланка.
Граѓаните непречено може да ја преминуваат државната граница пеш, со патнички автомобил, мопед или велосипед.
Ново на Сител
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион
-
„Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД
-
Силен земјотрес регистриран во Чиле
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп