Град Скопје: Граѓаните да ги платат сметките за данок на имот за 2019 и 2020 година
Град Скопје апелира граѓаните да ги намират сите неплатени сметки по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година во најкраток можен рок, а најдоцна до 10.11.2022 година. Во спротивно, најавуваат од Градот, ќе пристапат кон реализација на решенијата за забрана на користење на средства поради неподмирени обврски по овој основ.
-Со цел да не се создадат дополнителни трошоци за обврзниците кои не ги платиле своите обврски, во постапка за присилна наплата, како и да се избегнат непотребни оптоварувања кои ќе произлезат од блокадите во банките, потребно е сите со неплатени обврски по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година да ги подмират во најкраток можен рок, а најдоцна до 10.11.2022 година, се вели во соопштението од Градот Скопје.
Оттаму ги известуваат сите физички и правни лица дека може да проверат дали се подмирени обврските по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година со регистрирање на апликацијата за даноци на интернет порталот на Град Скопје (www.skopje.gov.mk).
За сите прашања и информации сите физички и правни лица можат да се обратат до Сектор за даноци на имот и комунални такси на следните телефонски броеви 02/3297-296, 02/3207-546 и 072-204-434, како и на следните е-маил адреси: Anita.Nakov@skopje.gov.mk, NuredinNuredini@skopje.gov.mk, Gabriela.Spasova@skopje.gov.mk
Ново на Сител
-
Голема акција: Запленети 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми
-
Палестинскиот претседател подготвен на соработка со Трамп за завршување на војната во Газа
-
МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Сеизмолошка опсерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен
-
Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите
-
Млад манијак осомничен за полов напад на две девојки во Битола
-
Чешкиот претседател стравува дека договорот меѓу Трамп и Путин ќе биде на штета на Европа