-->
-->
Гостиварец ѝ исплатил 10.000 евра на љубовницата за да не го каже на жена му
-->
Гостиварец ѝ исплатил 10.000 евра на љубовницата за да не го каже на жена му.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.И.(33) и М.И.(31), двајцата од село Орашје, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена”, соопшти МВР.
Како што информираат оттаму, во периодот од април 2022 година до април 2023 година, пријавените повеќе пати уценувале 50-годишен жител на Гостивар дека видео разговорите и разменетите пораки со второпријавената, со која бил во љубовна врска, ќе ги пратат на неговото семејство. Со ваквите дејствија тие го принудиле во неколку наврати да им исплати вкупно 10.000 евра преку брз трансфер на пари, информира МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип
-
Со изборен навигатор можете да проверите која партија и програма се најблиску до вашите убедувања
-
Со добра понуда и бројни настани Охрид може да привлекува туристи преку цела година
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид