Големо поскапување на горивата
Расте цената на нафтата на светските берзи. Американската лесна нафта за испорака во ноември вчера тргувањето го заврши на нивото од 50,42 долари, што е за скоро еден долар поскапување во однос на цената од крајот на претходната недела.
Северноморската нафта од типот „брент“ која се увезува и во Македонија поскапи за 0,85 денари за барел и достигна цена од 53,9 долари.
Минатиот понеделник, Регулаторната комисија за енергетика ги формираше малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија, а идната корекција е најавена за 19 октомври.
Минатата недела цената на барел нафта изнесуваше 47,4 долари за барел, а денешната цена е за 6,5 долари повисока. Среќна околност е што доларот ја намалува вредноста но во вакви околности не треба да биде изненадување ако во вторник имаме значително повисока цена на горивата, меѓу 3 и 4 денари над моменталната.
Денеска, на бензинските пумпи низ Македонија, литар ЕУРОДИЗЕЛ чини 50 денари , ЕУРОСУПЕР БС 95 62 денари и ЕУРОСУПЕР БС 98 64 денари за литар.
Ново на Сител
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина
-
Владата ја промовираше развојната национална програма
-
Расте интересот за дуално образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка