Големо невреме ја зафати Хрватска - наврна 30 сантиметри снег и предизвика хаос во сообраќајот
Снег во средиштето на полуостровот Истра во Хрватска врнел цела вечер, па на некои места поради силниот интензитет го парализирал и сообраќајот, а се создала и снежна покривка подебела од 15 сантиметри, известуваат тамошните медиуми. На некои делови од полуостровот снемало и електрична енергија.
Поради прилично голема количина и до 25 сантиметри, на улиците на подрачјето на Град Пазин, вчера биле прогласени зимски услови кои остануваат на сила се додека не биде потврдено спротивното.
Поради тоа, напоменато било возачите да не излегуваат на улиците доколку тоа не е потребно.
Снегот и понатаму не престанува да вее, а намалување на интензитетот се очекува во текот на ноќта. Во моментов како што наведуваат медиумите, екипите се на терен, ги чистат улиците и ги посипуваат со сол.
Ново на Сител
-
Мицкоски следната недела ќе се сретне со синдикатот на УПОЗ
-
„Генерален штрајк“ во Србија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја поддржува фармацевтската мафија
-
Студентите од Турција ја зголемија ќиријата, но ја подигнаа и локалната економија
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонците од Албанија бараат помош од државата за справување со бугарската пропаганда
-
Тема на денот со Васил Стерјовски
-
Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“