Голема полициска акција во кумановско, уапсени 36 лица
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи во Куманово во кординација со полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Оддел за гранични работи и миграции во текот на 23/24.09.2016 година по издадена наредба од Основниот суд во Куманово е извршен претрес во куќа во сопственост на Ќ.А. (46) од Скопје, по што утврдено е дека во помошната просторија која се водела како „штала“ биле пронајдени 35 мигранти.
За време на претресот во домот бил затекнат само синот Р.А. (18), кој е лишен од слобода, а по неговиот татко за кој постои основно сомнение за сторено кривично дело по член (418 Б ст 4 „криумчарење мигранти“ сеуште се трага. Освен мигрантите кои биле пронајдени во шталата во село Лојане пронајдени и лишени од слобода се и О.К.(25) и М.Д.(40) од Авганистан, С.С.(33), Н.А.(18), А.А.(19) и А.М.(20) сите од Пакистан. За кои постојат сомненија дека противправно ја држеле Л.М. од Сирија со нејзините четири малолетни деца и Х.У. исто така од Сирија со неговите две малолетни деца.
Против синот и таткото ќе биде поднесена кривична пријава од Јавното Обвинителство за гонење на организиран криминал. Исто така приведени се и сите странски државјани и против нив исто така ќе биде поднесена кривична пријава од Јавното Обвинителство.
Ново на Сител
-
Како социјалните мрежи можат позитивно да го променат животот на еден млад човек
-
Граѓаните извисија: Три часа евтина струја преку ден летово ќе нема, сега ќе се крои новата цена за од 1 јули
-
Тешко до работа преку Отворен Балкан
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски утре ќе го доставува предлогот за Влада до Собранието до недела на полноќ треба да се избере владиниот кабинет
-
Шест години од потпишувањето на Преспанскиот договор
-
Проф. Садикарио: Од Струшкиот медицински факултет ќе излегува импровизиран кадар, а тоа е многу опасно
-
Миле Јанакиевски по 6 години поминати од затвор излезе на слобода