Голема акција на српските МВР и БИА, уапсени 17 соработници на кавачкиот клан за најтешки кривични дела
Во координирана акција на српското Министерство за внатрешни работи и на Безбедоносно информативната агенција (БИА) во Белград утрово е уапсена група од 17 лица, јави дописникот на МИА од Белград.
Извршен е претрес на 50 локации и уапсени се 17 членови на криминалната група „Врачарци“ кои соработувале со кавачкиот клан, соопштија белградските медиуми.
Според информациите на медиумите, тие се уапсени за убиства, обид за убиства, киднапирање, а работеле како дел од група на кавачкиот клан. Се уште се трага по одредени лица.
Уапсените лица се товарат за три убиства и пет тешки убиства во обид. Постапувале по наредба на кавачкиот клан, а дел од членовите на „Врачарци“ претходниот период биле уапсени во странство.
Групата Врачарци ја предводат Никола Вушовиќ, попознат како Џони од Врачар, Урош Пиперски и Марио Ѓорѓевиќ.
Пребарани се над 50 локации и одземени се повеќе парчиња оружје, шифрирани телефони и друго.
Акцијата за апсење ја води министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ.
Според белградските медиуми, станува збор за заедничка акција на МВР, БИА и Обвинителството за организиран криминал и се чекаат повеќе информации.
Ново на Сител
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради