Loading Video...
Фудбал
24. April 2021 - 18:17

Голеада во Кратово, Силекс ја порази Академија Пандев

 
Фудбалерите на Силекс се вратија на победничките патеки, откако денес ја совладаа Академија Пандев со 3-2. 
 
Кратовци рано отворија, уште во 17-тата минута, кога Георгиев го совлада Јовановски, но погодокот оди на конто на Тантуровски, кој од гол-линијата ја турна топката во празната мрежа. 
 
Шест минути подоцна на 2-0 зголеми Манасиевски по асистенција на Тантуровски.
 
Се чини, победникот на мечот беше решен во 75-та минута, кога Пепи Георгиев успеа да го измами Јовановски и да зголеми на 3-0.
 
Две минути подоцна гостите се вратија во игра преку пенал-погодокот на Радески.
За неизвесна завршница се погрижи Димовски, намалувајќи на 3-2 во 82-та минута.
 
Сепак, со мирна игра во финишот, кратовци не дозволија изненадување и полека исчекорија кон директен опстанок во лигата.
 
Останатите натпревари на програмата се утре, а двојките се: 
 
ПЕЛИСТЕР -  РЕНОВА
ВАРДАР -  БЕЛАСИЦА
ШКЕНДИЈА -  БОРЕЦ 
ШКУПИ -  РАБОТНИЧКИ
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П -  СТРУГА  Т.Л.