Годишни извештаи за 2023 на неколку институции пред собраниската Комисија за политички систем
Во Собранието денеска ќе продолжи седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. На дневен ред на продолжението на седницата се неколку годишни извештаи.
Пратениците ќе го разгледуваат годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи, Годишен извештај за работата на Агенцијата за администрација, Годишен извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија и Годишен нзвештај за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, сите за 2023 година.
Седницата почна во средата со разгледување на годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2023 година.
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска на седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, на која се расправаше за Годишниот Извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2023 година истакна дека недостигот на буџетски средства, опрема и недоволната екипираност влијаат на функционирањето на Комисијата.
Таа исто така информираше дека Комисијата оформила предмети по добиена претставка за назначувањето на заменик директорката во Агенцијата за разузнавање и по поднесена претставка од министерот за внатрешни работи во однос на преземените дејствија од страна од претходниот заменик министер, и оти во тек е анализата на документацијата за овие случаи.
Ново на Сител
-
Замрзнати вработувањата во администрација
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата
-
Училиштата во Општина Карпош и натаму без парно греење
-
Тестираните за „Птичји грип“ се негативни
-
Санкции за смртта на 14-месечното бебе
-
Почна вакцинацијата против сезонски грип – денеска термин добиле 5.700 граѓани
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата