Годишен фолклорен концерт на КУЗ „Фолклористи“
Над двесте млади играорци од Крива Паланка и Бор, Република Србија, синоќа настапија на сцената во Центарот за култура во Крива Паланка на годишниот концерт на културно-уметничкото здружение „Фолклористи“.
Деведесетминутната програма беше исполнета со ора, танци и музика од источна Македонија во изведба на членовите на КУЗ „Фолклористи“ и КУД „8 Октомври“, гости на вечерта од Крива Паланка, а КУД „Новоселиште“ од Бор се претстави со игрите од Шумадија.
- Ова е четврта година по ред како го организираме годишниот концерт на кој се претставија седум групи и првиот ансабл. Настапија над 150 дечиња од разни возрасти кои ги претставија тардиционалниот, но и стилизираниот фолклор. Се играа детски кореографии, „Девојче, девојче“, „Повардарие“, „Бувчанско оро“, изјави Васе Стаменковски, престедател на „Фолклористи“.
Гостите од КУД „Новоселиште“ настапија со „Игри од Мачва“, „Влашко оро“ од источна Србија, „Шумадиски игри“ и обработка на „Зораново оро“ од Љубиша Павковиќ.
Концертот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Високите температури неповолни за земјоделството, неопходно наводнување и заштита на посевите
-
За пет дена 102 починати поради жешкото време во Шпанија
-
До вторник високи температури, во недела услови за дожд, а од среда заладување
-
18-годишник и малолетник силувале две малолетни сестри и ги снимале со телефон во Тетово
-
За 6 часа 429 казни за возачи на мотори, 267 не носеле кацига, 83 возеле без возачка
-
Кривична за бизнисменка од Кавадарци, затаила данок од над 800.000 евра
-
Приведен 45-годишен маж од Радовиш, предизвикал пожар
-
Излетале од патот по што се запалил автомобилот, во тешка сообраќајка загина Диого Жота и неговиот помлад брат