Македонија
25. July 2015 - 10:13

Го препознавате ли крадецов? - Го бараат од трафиката во Центар

Вчера околу 20 часот трафиката на булеварот Кочо Рацин кај Црвен крст во Скопје беше ограбена. Младо момче на најбезобразен начин украде штека цигари и побегна. Настанот го регистрираше безбедносната камера на трафиката.

Додека чекаат на полицајците, вработените во трафиката решиле вака, преку интернет, да алармираат на оваа, како што велат, за нив секојдневна појава.

„Ова не е првпат. Тука постојано се случуваат вакви кражби. Камерата снима, ние пријавуваме, полицијата некогаш прави записник, а понекогаш не ни доаѓа... Но на крајот ние, продавачите, од свој џеб плаќаме за украденото. И толку“, ни рече продавачот во трафиката, кој веќе се навикнал на ваквото секојдневие.
 
 

 

Го знае ли некој овој криминалец ќе ве молам сите да го споделите сите

Posted by Ilija Danilov on Friday, July 24, 2015