Го прашале дали сака да се тепаат па го претепале, тепачка на автобуска во Скопје
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 19- годишниот Ф.Џ. и двајца малолетници на возраст од 17 и 15 години, сите од Скопје, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „насилство“. На 08.03.2017 година, околу 18.30 часот на бул “Кочо Рацин“поточно во близина на автобуска постројка во автобус на ЈСП бр.67, пријавените извршиле насилство врз 17 годишен малолетник од Скопје, на тој начин што додека се возеле со автобусот на потегот пред автобуската постојка на Југодрво кога го забележале оштетениот пријавените му се приближиле и откако првопријавениот го прашал дали сака да се тепаат, физички го нападнал удираќи го со тупаници во пределот на главата по што му се придружиле и другите двајца кои продложиле да го удират во пределот на главата и телото со тупаници а имале на рацете и боксирачи. Кога автобусот на постројката пријавените избегале во непознат правец, додека оштетениот поради сериозноста на повредите се упатил во градската болница Св.„Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош.
Ново на Сител
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“