Свет
5. March 2024 - 17:23

Глобален проблем со Фејсбук и Инстаграм

Попладнево социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм не функционираат на глобално ниво.

Според веб-страницата DownDetector,  ширум светот се пријавени проблеми од корисници.

Проблемот со Фејсбук е што луѓето не можат ни да се логираат, додека кај Инстаграм се појавува пораката „Нешто тргна наопаку“.

Се уште нема официјално соопштение од компанијата „Мета'' во врска со паднатите сервиси.