Преглед на вестите од светот
Една година од ненадејниот упад на Хамас во Израел, кој го запали Блискиот Исток. Палестинските милитнанти нападнаа од копно, воздух и од море. Убија најмалку 1200 израелци и странци, најголем дел цивили и зедоа уште 251 заложник назад во Газа.
„Пред една година претрпевме страшен удар. Во изминатите 12 месеци, ја менуваме реалноста Целиот свет е вчудовиден од ударите што вие армијата им ги нанесувате на нашите непријатели, а јас ве поздравувам и велам: Вие сте генерација на победата, заедно ќе се бориме и заедно ќе победиме, со Божја помош.
А пред резиденцијата на Нетањаху се собраа семејствата на заложнците кои се уште ги држи Хамас.
-„Дојдовме овде утрово, 365 дена од 7 октомври 2023 година, затоа што ова е местото, плоштадот на заложниците, местото каде што треба да се биде и да се молиме да ги вратиме сите 101 лице кои се уште се во заложништво во Газа. ИЗРАЕЛСКИОТ РАКЕФЕТ ГИНСБЕРГ ВЕЛИ:
-Тука сме да кажеме дека ако не дејствуваме сега и не ги вратиме сите заложници веднаш, може да ги изгубиме сите.
Од Хамас со став- нападите врз Израел на 7 октомври беа повик за будење на светот..
„Нема сомнеж дека 7 октомври е важна пресвртница во историјата на конфликтот со израелската окупација. Како што споменав, тоа беше природен израз на акумулацијата на страдањата на Палестинците , блокираниот хоризонт, продолжувањето на окупацијата, населувањето и агресијата. Тоа, исто така, претставува нов хоризонт во иднината на прашањето и конфликтот со окупацијата.
Кратко по нападот на Хамас, почна израелска одмазда и разорната војна во Газа, која се уште трае и во која досега 42 000 луѓе се убиени, според локалните власти предводени од Хамас. Офназивата расели над 3 милиони Палестинци, оштетени или уништи над 60 проценти од објектите во енклавата и доведе до широко распространет глад.
Израелската војска војува и против уште две групи поддржани од Иран- либанскиот Хезболах и Јеменските бунтовници Хути кои го напагаат Израел во знак на поддршка на палестинскиот народ во Газа. Непријателстватаа ескалираа по ликвидирањето на високи структури на Хезболах и Хамас во Либан и Иран, по што следуваа напади од Техеран и ширење на конфлктот на либанска почва.
Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата во Босна и Херцеговина се искчачи на 24. Се трага по девет лица- 5 во Јабланица и 4 во Коњиќ. Водата и одрните унишитија куќи и оштетија инфраструкутра.Многу патишта се уште се блокирани, па до некои од погодените села сеуште не е пристигната помош.
Нобеловата награда за медицина за 2024 година оди во рацете на Виктор Амброс и Гери Равкин. Американските научници се одликувани за откритието на микроРНК и нејзината улога во регулирањето на активностите на гените.
-МикроРНК се важни за нашето разбирање на ембриолошкиот развој, нормалната клеточна физиологија и болестите како што е ракот.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар