Ѓуровски: Празен желудник поинаку размислува за членството во НАТО
Довербата од околу 60% во НАТО и во ЕУ треба да биде порака до политичките партии и лидерството да ја сменат комуникацијата со граѓаните бидејќи трендот на евроскептицизам ќе продолжи да расте, вели за Детектор професорот по безбедност, Марјан Ѓуровски.
Според него, лошите економски перформанси дополнително влијаат и на падот на довербата.
„Имајќи го предвид забавувањето и влогот кој го даде македонската страна реални се разочарувањата кои ги имаме кај граѓаните но сметам дека и овој процент од 60% треба и политичките партии но и носителите на институциите да ги поттикне да ја променат комуникациската стратегија и да пристапиме и кон останатите граѓани кои имаат дилема околу значењето на членството на Македонија во НАТО“ – вели Ѓуровски.
Тој објаснува дека голема улога има и економскиот елемент
„Добра е оваа приказна со НАТО алијансата но реално граѓаните очекуваа поголем прилив на странски инвестиции, не само во делот на безбедноста и стабилноста. Едноставно, празен желудник поинаку размислува за членството во НАТО“ – објаснува Ѓуровски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален