Ѓорческа финалистка на фјучерсот во Осиек
Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска ќе игра ново финале во поединечна конкуренција, а нејзина противничка на фјучерсот во хрватскиот град Осиек, што се игра за награден фонд од 25.000 долари, ќе биде 18 годишната Романка Анка Алексиа Тодони, рангирана на 435 место ВТА листата.
Ѓорческа на патот до финалето забележа четири победи и сите во два сета ги доби со 2:0. Во првото коло беше подобра од Романката Сабина Дадациу со 62 и 63 во сетови, а во следната рунда ја совлада домашната тенисерка Силвија Њириќ со 63 и 60. Во четвртфиналето ја победи Русинката Викторија Кан со 62 и 62, додека во полуфиналето беше поуспешна од Илинка Далина Амариеи со 75 и 64.
Ова за Ѓорческа е 32. ро финале во сингл во кариерата (12-19 победи-порази), а трето финале во 2023 година. Ги загуби финалните мечеви во Талин и во Куршумлијска Бања.
Ново на Сител
-
82 години од депортацијата на македонските евреи
-
Таравари ќе го поништи тендерот за паркингот на клинички
-
Министерството за култура и туризам обезбеди 15 милиони денари за реконструкција на црквата Св. Кирил и Методиј во Струмица
-
Крводарителството во Охрид во подем
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, потпретседател на Собрание
-
Акција против загадувачите
-
Нови правила за сезонските работници во Македонија