Ѓоковиќ: Сакам да играм во пет сетови против млади тенисери
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ оцени оти неговата физичка подготвеност и искуство биле решавачки да ја надомести негативата од 0:2 во сетови против 19-годишниот Италијанец Лоренцо Музети и да избори вечерва пласман во четвртфиналето на Ролан Гарос.
Музети, кој го играше своето прво осминафинале на грен-слем турнирите во кариерата, ги реши во своја корист воведните два сета со по 7:6. Српскиот тенисер со два експресни сета (6:0, 6:1) го израмни резултатот на 2:2 и поведе со 4:0 во решавачкиот сет, кога Музети го предаде натпреварот.
– Повеќе бев нервозен пред почетокот на натпреварот, отколку кога бев во негатива од 0:2. Искрено дури и ми се допаѓаше тоа што ги загубив воведните два сета. Победив на најголем број од натпреварите во пет сетови што ги имам играно на овој турнир и воопшто во кариерата, и мислам дека тоа искуство ми помага, изјави Ѓоковиќ.
Најдобриот светски тенисер во четвртфиналето на грен – слем турнирот во Париз за противник ќе има уште еден Италијанец, Матеа Беретини.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани