Гевгелија ќе добие нов урбан градски сквер
Советот на општина Гевгелија по повеќегодишна постапка денеска го донесе деталниот урбанистички план за централното градско подрачје со кој се деблокира урбанистичкиот развој на центарот на Гевгелија и неговото урбано уредување.
Овој значаен урбанистички документ, кој подеднакво долго го очекуваа и општината и граѓаните беше донесен откако локалната самоуправа доби согласност од страна на Министерството за транспорт и врски.
Гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков го поздрави донесувањето на ДУП за центарот на градот како најприоритетен урбанистички документ за кој, како што истакна, се залагал уште од преземањето на неговата функција пред две години.
– Сега конечно создадовме услови за уредување на централното градско подрачје, а во тие рамки и за уредување на урбан градски сквер на местото на стариот пазар. Истовремено се овозможува реализација на бројни проекти од заинтересирани граѓани и од правни субјекти за реконструкција на своите деловни објекти или за изградба на нови, рече Поцков.
На тој начин, посочи, од комуналниот надомест ќе се соберат доволно средства за комунално уредување на станбените населби Караорман и Мрзенски рид каде од порано на граѓаните им беа издадени одобренија за градба и наплатени комуналии, а тие до денеска се уште не се обезбедени.
Ново на Сител
-
Втор ден самит во Вашингтон, САД
-
Жителите на Оревоец бараат времена мерка против „Бехтел и Енка“
-
Под контрола пожарот во Делгошти
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со професорот Марјан Ѓуровски
-
Катица Јанева го изгуби правото да работи кај синот, при контрола не била во канцеларијата
-
Мицкоски од Вашингтон за пораките на Мицотакис: „Блокадите треба да бидат реликвија од минатото“
-
Сојузниците преговараат дали Украина ќе добие зелено светло за влез во НАТО