Гевегелиски „Комуналец“ доби багер, донација од ЕУ
Претставници на Европската комисија при канцеларијата на ЕУ, денеска ја посетија општина Гевгелија и на јавното претпријатие „Комуналец“ му донираа багер утоварувач како дел од пошироката помош вредна 200.000 евра што на претпријатието претходно му беше ветена од Европската комисија за успешно справување со отпадот.
- Возилото ни беше ветено за полесно да се справиме со отстранувањето и одложувањето на отпадот во депонијата во услови на бегалската криза,а сега дополнително ќе ни помогне поквалитетно да ги извршуваме нашите секојдневни работни задачи во депонијата,но и на други места каде што ќе се укаже потреба од него, рече Убавка Вегова, директорка на „Комуналец“.
Вегова истакна дека во наредниот период од истиот донатор очекуваат во Гевгелија за потребите на претпријатието да пристигнат уште два камиона за собирање комунален отпад и една цистерна за миење на улиците во градот.
Ново на Сител
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка