-->
-->
Гасол се враќа во Барса
-->
Раководството нa кошаркарскиот клуб Барселона има намера да го врати во своите редови Пау Гасол. Еден од најдобрите европски играчи во историјата, никогаш не криел дека сака кариерата да ја заврши онаму каде и што ја започна, во Барселона.
Ел Мундо Депортиво наведува дека Гасол кој пред 15 години од Барселона замина во НБА лигата, во тимот на Мемфис, има намера да го орджи ветувањето и пред заминувањето во пензија да одигра уште некоја сезона во Барселона.
Пау Гасол во јули ќе наполни 36 години, а неговиот договор со Чикаго истекува во 2017 година.
„Ќе видиме што ќе се случи. Имам опција во договорот со Чикаго, според која веќе ова лето можам да станам слободен играч. При носењето на одлуката финансиските детали нема да играат никаква улога. Ќе играм онаму каде што ќе ги ценат моите квалитети“, напишал неодамна Гасол, во колумна за Марка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце