Г. г. Стефан во посета на Рим и Ватикан, денеска на средба со папата Франциск
По повод 1155-годишнината од блаженото упокојување на Сесловенскиот просветител свети Кирил Солунски, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан отпатува за Рим, каде што утре ќе отслужи Молебен на неговиот гроб во базиликата „Свети Климент“ („San Clemente“).
Г. г. Стефан, како што соопшти неговиот кабинет, на патувањето е придружуван од митрополитот Европски г. Пимен, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г. Даријан Сотировски, професорот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ и поранешен македонски амбасадор во Ватикан, проф. Ѓоко Ѓорѓевски, како и од свештенослужители од Скопската епархија. На Молебенот ќе сослужува и митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.
Во текот на посетата, г. г. Стефан денеска официјално ќе биде примен од Неговата Светост, Папата Франциск. На средбата, како што е наведено во соопштението, ќе присуствува и македонската амбасадорка во Ватикан, Марија Ефремова.
Ново на Сител
-
Мицотакис: Грција нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање доколку соседната земја продолжи со актуелната тактика
-
ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата на СДСМ оти понудата за заем од Унгарија е под неповолни услови
-
ЦУК: Армискиот хеликоптер почна со гасење на пожарот на планината Серта
-
Портокалово ниво на опасност од високи температури, Владата со препораки до граѓаните
-
Голем антивладин протест во Тирана, фрлани молотови коктели врз владата и градскто собрание
-
Ердоган: Турција нема да ја одобри соработката на НАТО со Израел
-
Бајден вели дека е најквалификуван соперник на Трамп и оти може да го победи на изборите
-
Денеска е Денот на светите апостоли Петар и Павле