Францускиот Сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО
Францускиот Сенат го усвои во прво читање предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.
Предлог-законот беше усвоен без измени на 9 октомври 2019 година од страна на Комитетот за надворешни работи, одбрана и вооружени сили, по извештајот на сенаторката Жоел Гаријо Мајлам.
Останува договорот да биде ратификуван и од Националното собрание при второто читање, по што тој дефинитивно ќе биде ратификуван од Франција.
Досега 24 земји-членки целосно го завршија процесот на ратификација. Вчера тоа го сторија Италија и Велика Британија.
Очекувањата се дека Протоколот ќе биде ратификуван и со тоа членството во НАТО ќе се официјализира пред Самитот на Алијансата, закажан за 3 и 4 декември во Лондон.
Но, засега неизвесно е дали тоа пред Самитот ќе се случи во шпанскиот Парламент. Двата дома на Парламентот се распуштени. Изборите се закажани за 10 ноември, а доколку се помине како што треба новиот состав на Парламентот би се конституирал на 3 декември.
Оваа недела за Протоколот треба да се изјасни Националното собрание на Франција, а процесот треба да заврши и во Холандија и Исланд. Според праксата досега вообичаено е Сенатот на САД последен го ратификува, но поради ситуацијата во Шпанија, се уште не е познато кога ќе биде закажана седницата на Горниот дом на американскиот Конгрес.
Протоколот беше потпишан на 6 февруари 2019 година од страна на 29 сојузнички земји и министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров.
На крајот на процедурата за ратификација од сите земји на Алијансата, Северна Македонија, која веќе има статус на „земја гостинка“, ќе стане 30-та членка на НАТО и ќе ги има истите права и обврски како и другите сојузници
Ново на Сител
-
Блумберг: Mајкрософт истражува дали DeepSeek незаконски презел податоци од OpenAI
-
Турција: Приведени 28 осомничени за смртоносниот пожар во ски-центарот Карталкаја
-
Хамилтон го искрши болидот на Ферари за време на тест возење во Барселона
-
Покрај Николов, Владата предлага уште тројца нови амбасадори, покрената постапка за отповикување на девет амбасадори
-
Шапката на Меланија го фрли во сенка Трамп | Александар Рашковиќ | Sitel Podcast 079
-
Општина Центар: Град Скопје ги остави улиците во смет, активирани 120 хигиеничари од Општината
-
Приведен 21 годишен жител од велешкото село Бузалково, кој се заканувал на комисија за возачки испит
-
Измамена скопјанка - И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете и ако не сака таа да лежи во затвор треба да плати 3.200 евра