Францускиот Сенат го одобри новиот антитерористички закон
Францускиот Сенат денеска со големо мнозинство од 244 гласа „за“ и 22 „против“ го одобри предложениот антитерористички закон, јави агенцијата ДПА.
Според законот, префектите ќе имаат право да им наредат на граѓани да не се оддалечуваат од нивните домови, ќе можат да одобрат претрес, како и да наредат затворање на верски организации кои промовираат тероризам.
Франција веќе речиси две години во сила е вонредна состојба, воведена по терористичките напади врз списанието „Шарли Ебдо“ во јануари 2015 година.
Властите се подготвуваат да ја укинат вонредната состојба во ноември, но претходно претседателот Емануел Макрон вети дека ќе биде донесен нов далеку построг закон за спречување на тероризмот.
Националното Собрание веќе го одобри законот, кој сега ќе биде испратен до претседателот Макрон за да го потпише.
Ново на Сител
-
Мицкоски следната недела ќе се сретне со синдикатот на УПОЗ
-
„Генерален штрајк“ во Србија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја поддржува фармацевтската мафија
-
Студентите од Турција ја зголемија ќиријата, но ја подигнаа и локалната економија
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонците од Албанија бараат помош од државата за справување со бугарската пропаганда
-
Тема на денот со Васил Стерјовски
-
Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“