Форум за Локален економски развој на општина Илинден
Околу 160 компании што стопанисуваат во општина Илинден учествуваа на Форумот за локален економски развој на оваа локална самоуправа, што се одржа 10.пат во Домот на култура „Илинден“.
На Форумот, покрај претставниците на бизнис заедницата, учествуваа и претставници на владини институции, на невладини организации, домашни и странски финансиски институции како и претставници на локалната самоуправа и граѓанскиот сектор.
Градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски истакна дека Локалниот економски развој (ЛЕР) е една од најзначајните општински функции, чија што главна цел е да обезбеди развој на локалната економија и стопанство, промовирање на стопанската структура, инфраструктура, природни ресурси, современите-нематеријални фактори на растот и расположливата работна сила.
- Воспоставеното партнерство и соработка меѓу јавниот, приватниот (бизнис) и граѓанскиот сектор е единствениот механизам за обезбедување легитимност на стратешките и акциските планови во создавањето на подобри услови за забрзан и оддржлив економски раст, отворање на нови работни места, воспоставување и одржување динамична претприемачка култура и создавање на квалитетни услови за живеење, истакна Стојановски.
Тој ги презентираше предлог-проектите кои можат да се имплементираат со јавно-приватно партнерство и коорпоративна општествена одговорност во функција на унапредување на локалната заедница.
На состанокот беа разгледани реализираните акциски чекори и активности од Стратешкиот план за Локален економски развој на општина Илинден. Присутните имаа можност да проследат и презентација за урбанистичкото планирање на просторот во функција на локалниот економски развој и привлекување на нови инвестици, како и поддршка на постојните.
Со свои излагања на присутните им се обратија и Огнен Оровчанец, директор на „Агроунија“, како и директорот на компанијата „НЕТАМ“, Драган Коцевски.
Форумот за Локален економски развој е формиран во 2005 година, по што беше изработен Стратешкиот план за локален економски развој на општина Илинден 2006-2011 година.
Ново на Сител
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици
-
Лазаревски: Иако се подготвуваме за нивната игра, тешко беше да се спречи транзицијата на Холандија
-
Четворица загинати и тројца повредени во руски напад врз Киев
-
ДСЗИ нема утврдено недостатоци при третманот на деветгодишното дете од Свети Николе, кое почина во вторникот
-
ТикТок објави дека од утре ќе прекине со работа во САД
-
Израелската влада го одобри договорот за прекин на огнот со Хамас, стапува во сила утре
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Пријавени над 220 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје