Форум театарска претстава на тема меѓуврсничко насилство во Велес
Форум театарска претстава на тема меѓуврсничко насилство (булинг) ќес е одржи денеска во театарот „Јордан Х.К. Џинот“ во Велес, организирана како дел од програмата за Мировно образование при Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ, а во соработка со СОУ ,,Гимназија Кочо Рацин“ од Велес, СУГС „Шаип Јусуф“ од Скопје и СУГС „Никола Карев“ од Скопје.
Овој форум театар е искреиран од 22 ученици од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес, од СУГС „Шаип Јусуф“ од Скопје и од СУГС „Никола Карев“ од Скопје.
Како што информираат од Детската амбасада МЕЃАШИ, освен театарскиот дел од активностите, со учесниците се развивале дискусии за нивната перцепција за врсничкото насилство, нивните реакции до сега, како и за поттикнување индивидуална одговорност и проактивен пристап во слични ситуации.
Ново на Сител
-
Таравари: До крајот на неделата ќе има лекови на онкологија
-
Мицкоски: Злоупотребувале државни ресурси за да ме следат
-
Сиљановска во Полска
-
Загаден воздухот во Охрид
-
Српскиот премиер си поднесе оставка
-
Преглед на вестите од светот
-
Пoглаварите на МПЦ и СПЦ и високи гости од Србија, Р. Српска и Црна Гора на Светославска академија во Скопје
-
Светосавска академија во МНТ, патријархот Порфириј меѓу гостите во Скопје