-->
-->
Фон дер Лајен: Северна Македонија и Албанија се наши соседи, не смее да им ја затвориме вратата
-->
Урсула фон дер Лајен, во првото интервју како претседателка на Европската Комисија, ги потврди заложбите за европската перспектива на Северна Македонија и Албанија.
-Тие се наши соседи, вели Фон дер Лајен во интервју за германскиот магазин „Шпигел“.
Претседателката на ЕК вели дека ќе се залага за почеток на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, веднаш откако ќе се оцени дека овие две држави ги исполниле критериумите, пренесува „Дојче веле“.
Фон дер Лајен во вторникот беше избрана за прва жена во историјата на чело на Европската Комисија. Во текот на кампањата во која ги убедуваше европратениците во Европскиот Парламент да гласаат за неа, таа во неколку наврати во своите приоритети ги наведуваше и преговорите со двете западнобалкански држави, а во првото интервју тоа и го потврдува.
– Треба да отвориме преговори со тие земји веднаш откако Европскиот совет ќе донесе заклучок дека се исполнети критериумите. Треба да ја оставиме испружена раката кон овие земји. Го делиме истиот континент, истата историја, ние сме соседи. Доколку на овој регион му ја затвориме вратата, си предизвикуваме штета себеси, рече Фон дер Лајен во интервјуто за „Шпигел“.
Фон дер Лајен треба да ја преземе новата функција на 1 ноември годинава.
Пред десетина дена, пред претставувањето пред политичките фракции во Европскиот Парламент, Фон дер Лајен ја пофали Северна Македонија како светол пример. – Западниот Балкан мора да се сфати посериозно, а Северна Македонија е светол пример за позитивни постигнувања, рече тогаш таа.
Урсула фон дер Лајен, во својство на министерка за одбрана на Германија, беше во посета на земјава во септември 2018 година, пред референдумот. Тогаш таа рече дека земјва има уникатна шанса што не смее да ја пропушти за влез во евроатланстското семејство и порача дека ЕУ сака да гради иднина со земјава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмалку две лица убиени во училиште во Словачка
-
Политико: Десничарските популисти на списокот гости за инаугурацијата на Трамп
-
Началникот на Генералштабот на Армијата Лафчиски на Конференција на Воениот комитет на НАТО
-
Рение: ЕК нема намера да забрани ниту една онлајн платформа
-
Протест и во Нови Сад поради газењето студентка за време на блокада во Белград
-
УНМИК загрижен поради затворањето на српските институции во Косово
-
Што ако најубавите нешта во животот веќе ги имате, но не ги гледате?
-
На големот христијански празник Богојавление, Светиот крст ќе биде положен во водите на Радика, досега пријавени над 100 верници