На големот христијански празник Богојавление, Светиот крст ќе биде положен во водите на Радика, досега пријавени над 100 верници
По повод големот христијански празник Богојавление, со благослов на епископ Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, светиот крст ќе биде положен во водите на река Радика, за што може да се пријават сите заинтересирани.
Во денешната објава на манастирот, се замолуваат сите заинтересирани, кои сакаат да земат учество во овој чинот да се пријават кај надлежниот архимандрит, отец Доситеј на следниот телефонски број +389 70 342 970.
- По објавата само денеска пријавени се над 100 верници, од повеќе градови на нашата држава. Можност имаат да се пријавуваат и следните денови. Очекуваме да има повеќе од двојно. На свечениот чин на полагање на светиот крст во водите на Радика, по традиција, ќе присуствуваат претставници на општина Маврово и Ростуше, како и жители од долнореканските села, рече за МИА архимандрит Доситеј.
Според отецот, многу е важно учесниците во чинот на полагањето на крстот во водата претходно да учествуваат и на Божествената Литургија со примање на Светата причест.
- Всушност самиот овој чин не треба да биде сфатен како еден обичен ритуал, ниту некаква натпреварувачка игра на којашто целта е само да се фати крстот, туку учесниците после Литургијата треба со литија да се упатат кон местото каде што ќе се осветуваат водите, и тука со најголема почит и внимание да ги слушаат прекрасните молитви на водосветот, без непристојно однесување и викање, бидејќи така си го отфрлаат благословот, додава отец Доситеј.
Што се однесува до богослужбите, по повод овој голем празник, утре, 17 јануари, во 6:30 часот ќе биде одржана утрена богослужба, во 8 часот Царски часови со изобразителна за Светото Богојавление (според црковниот типик овој ден не се служи Божествена Литургија), во 16:00 Вечерна богослужба, додека од 23 до 4 часот Традиционално реканско сеноќно бдение со Архиерејска Божествена Литургија, на којашто ќе чиноначалствува владиката Партениј.
- На 18 јануари, сабота, од 4 до 4:30 часот Богојавленски Голем водосвет во манастирската фијала а во 19 часот празнична вечерна богослужба. На 19 јануари, на денот на празникот, во 8 часот, по традиција ќе биде одржана Божествена Златоустова литургија во храмот „Пресвета Богородица“ во село Ростуше, на којашто ќе чиноначалствува владиката Партениј од каде во 9:30 часот ќе тргне торжествената Литија до „Ростушки мост“, каде ќе биде полагање на Крстот во реката Радика,.
Вечерта во 19 часот ќе почне вечерна богослужба во чест на Свети Јован, додека во понеделник кога се слави соборот на Свети Јован Крстител, во 6:30 Утрена и Божествена Литургија.
Ново на Сител
-
Во Скопје две лица се повредиле на работа и се пренесени на клиничкиот центар
-
Најмалку две лица убиени во училиште во Словачка
-
Политико: Десничарските популисти на списокот гости за инаугурацијата на Трамп
-
Началникот на Генералштабот на Армијата Лафчиски на Конференција на Воениот комитет на НАТО
-
Рение: ЕК нема намера да забрани ниту една онлајн платформа
-
Протест и во Нови Сад поради газењето студентка за време на блокада во Белград
-
УНМИК загрижен поради затворањето на српските институции во Косово
-
Што ако најубавите нешта во животот веќе ги имате, но не ги гледате?