Фон Дер Лајен: Проширувањето ќе остане врвен пориоритет на Европската комисија во следните пет години
Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно поскоро. Речиси сме таму, треба да поминат уставните промени на кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи.
Со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе направат потребните заеднички чекори за напредок и уверена сум исто како и вас дека можеме да ги надминеме пречките кои постојат, рече претседателката на ЕК Урсула Фон Дер Лајен на заедничката прес-конфернција со премиерот Христијан Мицкоски.
-Драг Христијан, бидете сигурен дека проширувањето ќе остане врвен пориоритет на Европската комисија во следните пет години. Сега ги имаме сите потребни алатки и инструменти за да го овозможиме тоа, рече таа.
Претседателката на ЕК посочи дека Северна Македонија постигна многу и дека покажа одлучност во преземањето на секој чекор.
-И навистина сакам да ја пофалам Северна Македонија и да одадам почит на луѓето. Сега работата навистина мора да продолжи, рече Фон Дер Лајен.
Премиерот Мицкоски истакна дека Владата високо ја цени заложбата на претседателката на ЕК за нашиот евроинтеграциски пат и дека очекува ЕУ заедно со нас да помогне како да го продолжиме тој пат мпочитувајќи го ставот на граѓаните. Мицкоски изрази убеденост дека заедно може да се надминат овие пречки.
Ново на Сител
-
Путин му честиташе на Трамп
-
Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ
-
Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари
-
Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа
-
Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими
-
Лукашенко помилува 31 затвореник осудени поради „екстремизам“
-
Бајден вети мирен трансфер на власта
-
Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување