Loading Video...
Фудбал
15. јуни 2023 - 19:54

Физичката подготвеност го диктира составот за дуелот со Украина

Продолжуваат возбудувањата во квалификациите за следното ЕП.  За само неколку дена тешки дуели на нашата репрезентација против Украина утре во Скопје и потоа во Манчестер против Англија.  Селекторот Милевски на денешната прес конференција најави дека физичката подготовка го диктира составот на Македонија за дуелот со силните Украинци. 

Македонската фудбалска репрезентација стартуваше со победа против Малта во новиот квалификациски циклус за ЕП наредната година но првиот вистински тест  е утрешното гостување на  репрезентацијата на Украина која одигра одличен контролен дуел со  Германија на кој забележа победа.  

Македонија досега нема некој посебен успех во дуелите со Украинците особено во оние официјалните на кои Украина има три победи и во исто толку пресметки од кои последниот пораз од 2-1 го доживеавме на Европското првенство. Единствената победа ја имаме во пријателски дуел во 2004г кога славевме со 1-0. 

Да потсетиме натпреварот со Украина се игра утревечер на Арената Тоше Проески со почеток во 20.45ч.