Македонија
1. December 2019 - 19:08

Физичка пресметка помеѓу пет лица во Скопје

Денес во 01.00 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека на ул.„11 Октомври“ во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Б.(18), А.Б.(23) и И.П.(23), сите од Скопје, од една страна и Ѓ.В.(49) и А.В.(28), двајцата од Скопје, од друга страна. Сочинети се записници по член 6 и чл.11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.