Македонија
14. August 2021 - 12:32

Филипче: Влез во кафичите и со потврда за прележан Ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција кажа дека за влез на сите настани кои се организираат освен сертификат за вакцинација треба да приложат и потврда дека од прележаниот ковид има поминато најмалку 45 дена.

- Според одлуките на последната владина седница, невакцинираното лице ќе нема право да влезе во угостителски објект или да присуствува на настан на кој има повеќе од 30 лица, но во овие рамки има и нова потврда за прележан ковид со која граѓаните исто така ќе може да се движат на посочените места, рече Филипче.

Министерот додаде и дека новите мерки започнуваат од понеделник.