Македонија
23. January 2025 - 16:31
Македонската зелка нема опасни пестициди
Во македонската зелка запрена на хрватската граница нема пестициди дециден е министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Надлежниот инспекторат веднаш презел мерки за спорната пратка а направени биле и дополнителни засилени контроли на пестицидите во земјава од страна инспекторите со цел спречување на недозволена трговија со препарати за заштита на растенијата.
Трипуновски при денешната псоета во Охрид истакна дека после 6 години застој езерото ќе биде порибено со милион и педесет илјади парчиња единки подмладок на пастрмка се со цел да се зачува ендемичниот вид како еден од нашите национални богатства.
Во текот на 2024 година на Охридското Езеро запленети се 709 мрежи во вкупна должина од околу 47 километри.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->