Македонија
20. February 2021 - 12:35

Филипче: Намален е притисокот врз болниците - нема потреба од нови рестриктивни мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче рече дека намален е притисокот врз болниците ширум државата. Се бележи благ раст на бројот на хоспитализирани. 

Според него, најголем дел од новозаразените се инфицирале од британскиот сој. 

Во Кавадарци се бележи раст на бројот на новозаразени. Министерот објасни дека тоа се поврзува од одредени настани и прослави во градот. Вели дека новозаразените се од сите возрасти и не станува збор само за млади луѓе. 

Филипче вели дека се следат сите нови студии и за ефектите на британскиот сој, но и за двете варијанти кои се појавија во Норвешка и Финска. Појаснува дека засега не се потребни нови рестриктивни мерки.

 

Даниел Василев