Филипче: Близу 90 проценти од починатите се невакцинирани граѓани
Над 87,88 проценти од вкупниот број на дијагностицирани случаи се невакцинирани, како и близу 90 проценти од починатите од вкупниот број на починати се невакцинирани граѓани кажа Филипче во гостувањето во Вестите на Сител.
- Од кога започна вакцинацијата и новите мерки ситуацијата многу се подобри, но само кај вакцинираните граѓани, сега имаме пандемија, вирус кој многу се шири кај невакцинираните граѓани, огромен број од вкупниот број на дијагностицирани над 87,88 проценти се невакцинирани. Исто така висок е бројот на починати, близу 90 проценти се невакцинирани граѓани. Во таа смисла нема ниту една причина ниту еден аргумент зошто граѓаните не би се вакцинирале, тоа е единствениот начин ние да постигнеме колективен имунитет, пред се да бидеме заштитени, ризикот да се добие ковид е многу висок, сега со есенските месеци ризик фактороте дополнително ќе се зголемат.
Исклучително е мал процентот на пациенти кои се заболени, а се вакцинирани, наспроти имаме невакцинирани. Тоа кога ќе го споредиме со опфатот на вакцинирани во поедини градови, таму каде што опфатот со вакцинација е мал, болниците се преполни, таму каде што опфатот со вакцинација е прилично висок, болниците може да функционираат само во рамките на Инфективните оделенија и тоа е уште еден доказ, кажа Филипче.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице