Клучна недела за разговорите околу можното формирање на нова Влада во Словенија
Клучна недела за обидите на на Јанез Јанша и неговата СДС (Словенечка демократска партија) за формирање на ново парламентарно мнозинство и нова Влада.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, оваа недела ќе продолжат преговорите на претставниците на СДС со СМЦ (Партија на Модерен Центар), НСИ (Нова Словенија) и ДеСУС (Демократска Партија на пензионерите во Словенија), по што ќе биде многу појасно во кој правец ќе движи државата.
Словенечките медиуми информираат дека е сосема неизвесен исходот од разговорите, имајќи во предвид дека има малку информации за текот на разговорите.
Анализите се во правец дека сепак државата е се поблиску од предвремени парламентарни избори, нешто што го побара премиерот во оставка Марјан Шарец.
Во меѓувреме од кабинетот на Претседателот на државата Борут Пахор информираат дека тој на 24 и 25 февруари на разговорите ќе ги покани претставниците на сите парламентарни партии. Зависно од тоа што тие ќе му кажат, Пахор ќе одлучи дали ќе именува нов мандатар за состав на Влада или сепак ќе се распишат предвремени парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ излегува на слобода
-
Касами: Добро оди целата процедура за договорање на следната влада
-
Внимавајте: Се шири линк до лажна веб страна на Владата која краде податоци за кредитни картички
-
Националниот ден на Власите - 23 Мај, неработен за припадници на влашката заедница
-
Поевтинуваат горивата ова се новите цени
-
Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на Средно Водно
-
До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи
-
СДСМ во среда ги почнува подготовките за избор на ново раководство - закажан состанокот на Извршниот одбор