Македонија
31. May 2016 - 10:28

ФХ3Х дел од ефектите во најновото продолжение на Нинџа желките „Out of the Shadows“

Македонската компанија за визуелни ефекти и анимација ФХ3Х работеше на ефектите на филмот Тинејџ Мјутант Нинџа Тартлс, кој е продолжението на хитот од 2014 година, насловен  „Out of the Shadows“, а чија премиера во Скопје ќе се случи на 2 јуни.

ФХ3Х информираат дека на овој проект работеле во соработка со најреномираното студио за визуелни ефекти во индустријата, Индастриал Лајт & Mеџик нивни долгогодишни соработници, во периодот од јануари до крајот на април оваа година со тим од преку 120 артисти за визуелни ефекти.

- Филмот ветува добра забава, и е окарактеризиран како најдобар филм со Нинџа желките од нивното прво појавување во 1990 година, забавен и за 30 - годишните фанови, и за деца кои уживаат во анимирани филмови и се идните фанови на овие симпатични мутанти, најавуваат од ФХ3Х.

Во ова продолжение, Нинџа желките Донатело, Рафаело, Микеланџело и Леонардо влегуваат во конфликт со лудиот научник Dr. Baxter Stockman и нивниот непријател The Schredder, кои го изнајмиле Stockman да креира негови мутанти во форма на Bebop и Rocksteady за да се одмаздат. Во меѓувреме, нинџа желките откриваат дека постои ретро - мутаген со кој можат да се вратат во оригиналното човечко издание. За да биде динамиката и возбудата на ниво, паралелно со сето ова се случува и напад на Њујорк од страна на вонземјани предводен од Кранг. За да го одбранат градот од инвазијата, желките се здружуваат со нивниот господар Сплинтер, и нивните пријатели April ONeal, Vern Fenwick и Casey Jones.

Филмот - продукција на Парамоунт Пикчрс и Никелодеон Мувис е во режија на Дејв Грин според сценариото на Џош Еплбаум и Андре Немек. 

Во главните улоги настапуваат Меган Фокс, Стивен Амиел, Вил Арнет, Тајлер Пери и супермоделот Алесандра Амбросио.

Премиерата на филмот е в четврток во 20 часот во киното „Синеплекс“.