-->
-->
Фенербахче и Олимпијакос во дуел за титулата во Евролигата
-->
Кошаркарската Евролига е пред самиот крај. Денеск на завршниот „фајнал-фор“ турнир кој се одржува во Истанбул ќе се одиграат последните све средби.
Во „малото финала“ односно дуелот за 3.место ќе играат двете првопласирани екипи од регуларниот дел на сезоната, сеуште актуелниопт првак ЦСКА Москва и мадридски Реал.
Во битката за титулата ќе се сретнат домаќинот Фенербахче и атински Олимпијакос. За турската екипа ова е второ финале во Евролигата, во кое ќе атакува на првата титула. Доколку Фенербахче успее да ја освои шампонската титула, тоа воедно ќе значи и трет шампионски трофеј за поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ кој како играч на Олимпијакос има два трофеи.
Финалниот меч во Евролигата меѓу Фенербахче и Олимпијакос ќе започне од 20 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница
-
Отсечени од цивилизацијата - села без патишта
-
Старите автентични куќи оставени на забот на времето