Македонија
16. September 2022 - 12:28

Фатен крадец на дело во Битола, расчистени 14 тешки кражби

Битолската полиција на 14-ти овој месец во 14:50 часот на ул. „Филип Втори Македонски” во Битола, го лишила од слобода Х.В (52) од село Канатларци, прилепско, кој бил затекнат при извршување тешка кражба од трансформатор.

Како што информира МВР, одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од други кривични дела, кои, исто така, биле вратени на сопствениците.

Лицето било приведено во полициска станица и во службен разговор признал уште 13 кривични дела „тешка кражба“. По целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.