-->
-->
Фабијус ги осуди сириско-руските напади врз Алепо
-->
Шефот на француската дипломатија Лоран Фабијус вчера ја осуди офанзивата на сириската војска, коај со поддршката од Русија, го отсече последниот коридор за снабдување на бунтовниците во северниот сириски град Алепо.
Франција „ја осудува бруталната офанзива на сирискиот режим со поддршката на Русија, чија цел е да се опколи и „задуши“ Алепо и неговите стотина илјади жители“, рече Фабијус откако мировните преговири за Сирија во Женева се одложија за 25 февруари, јавија француските медиуми.
Претходно и САД ги осудија руските воздушни напади на сирискиот град Алепо и неговата околина, тврдејќи дека нивна цел биле опозициските групи и цивили.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Проширена истрагата и за родителите на Васил – судиите од Кривичен застанаа зад својата колешка
-
Поништен солидарниот данок
-
Од денеска повторно во функција железничката линија Куманово-Скопје, ќе се патува за 41 минута
-
Што (не) треба да содржи новата потрошувачка кошница?
-
Прв состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав
-
Промоција на нови судии и јавни обвинители, IX генерација чека одлука
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина