Европратениците не избраа претседател ни по вториот круг на гласање
Европратениците денеска ни по вотриот круг на гласање, не успеаја да изберат претседател Европскиот парламент, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Во вториот круг, од кој се повлече либералот Ги Верхофстад, кандидатот за претседател на Европарламентот на Европската народна партија (ЕПП), Антонио Тајани освои 296 гласови, односно 22 отколку во првиот круг, додека претставникот на Паријата на европските социјалисти (ПЕС), Џани Питела доби 200 гласаови или 17 повеќе во споредба со првото гласање.
Од другите кандидати, Хелга Стивенс од Групата на конзервативците освои 66 гласа, Жан Ламберт од Групата на зелените и Европската слободна алијанса 51 глас, Лорентиу Ребега од блокот Европа на нациите и слободата 45 и Елеонора Форенза од Обединета европска левица-Нордиска зелена левица доби 42 гласа,
Третиот круг на гласањето во кој можат да учествуваат сите шест сегашни кандидати, но и да се пријават и нови, ќе се одржи доцна попладнево.
Во случај и во третиот круг ниту еден кандидат да не го освои потребното апсолутно мнозинство, ќе се одржи и четврти круг во кој ќе учествуваат двајцата кандидати што ќе освојат најмногу гласови во третото гласање. Во четвртиот круг за претседател ќе бидат избран кандидатот што ќе освои просто мнозинство гласови.
Ново на Сител
-
ОН: Туризмот во светот се врати на нивото од пред пандемијата со Ковид-19
-
Македонската репрезентација со еден гол негатива на полувремето против Австрија
-
Ѓоковиќ го победи Алкараз и се пласираше во полуфиналето на Австралија опен
-
Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки
-
Најмалку 66 загинати во пожарот во хотелот во турскиот ски-центар
-
ЕП го одобри Договорот за Фронтекс меѓу ЕУ и Србија
-
ЕУ одобри 60 милиони евра помош за Вооружените сили на Либан
-
Пристигнува револуцијата на доставата во Македонија!