Свет
25. January 2016 - 15:02

Европол: Исламска држава планира големи напади во Европа

Исламска држава ја зголеми својата способност за глобални напади и подготвена е повеќе да се фокусира на Европа по масакрот во Париз, предупреди денеска директорот на Европол Роб Вејнрајт.

Тие сознанија, покажуваат дека т.н. Исламска држава развила способност за нов борбен стил да изврши кампања на терористички напади од големи размери на глобално ниво, со особен фокус на Европа.  

Европол инаку денеска покрена Европски центар за борба против тероризмот што ќе придонесе за подобра размена на информации и оперативна координација на земјите.

- Таквиот вид соработка е неопходна на Европа во борбата против организираниот криминал и тероризмот, рече холандскиот министер за правда и безбедност Ард ван дер Стур, се наведува во соопштението на Европол.