-->
-->
Еврокуп: Познати четвртфиналистите
-->
Со одигрувањето на четирите реванш осминафинални натпревари во кошаркарскиот Еврокуп, комплетиран е списокот на учесници и парови за следната фаза.
Најголемото изненадуваше синоќа го направи екипата на Зјелона Гора која иако го загуби првиот меч на домашен терен од Уникс со 14 поени разлика, сепак во реваншот одигран во Казан, ја надополни негативата со победата од 17 поени разлика.
Пласман меѓу осумте најдобри вчера обезбедија и Гранд Канарија, Армани Милано и Нижњи Новгород.
Ден порано во четвртфиналето се пласираа: Баерн Минхен, Галатасарај, Стразбур и Тренто.
Комплетни резултати од реваш осминафиналите натпревари во кошаркарскиот Еврокуп:
Галатасарај - Пинар Каршијака 93:65 (64:67 прв натпревар),
Баерн Минхен – Алба Берлин 84:75 (82:82),
Тренто – Сарагоса 79:65 (83:85),
Олденбург – Стразбур 64:93 (78:76),
Уникс Казан – Зјелона Гора 54:71 (72:68),
Зенит – Нижњи Новгород 89:74 (76:102),
Армани Милано – Банвит 79:76 (72:69) и
Гранд Канарија – Лимож 77:78 (82:65).
Двојките за четвртфиналето во второто по квалитет европско клупско натпреварување во кошарка се:
Баерн Минхен – Галатасарај,
Гранд Канарија – Зјелона Гора,
Стразбур - Нижњи Новгород и
Армани Милано – Тренто.
Првите натпревари на програмата се на 15 март, реваншите по осум дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Народна банка со есенски макроекономски проекции
-
Редици граѓани пред „Борис Трајковски“ за подигнување на ваучерите за инвертери
-
СДСМ: Економските политики на Мицкоски се промашени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ крајно нетранспарентно ги трошеле народните пари
-
Преглед на вестите од светот
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Трамп избран за претседател на САД