-->
-->
Евробаскет 2017: Шпанија во полуфинале
-->
Европскиот шампион во кошарка селекцијата на Шпанија е првиот полуфиналист на Евробаскет 2017 откако во првото четвртфинале вечерва ја совлада Германија со 84:72. Резултат по четвртини: 16:19; 18:14; 31:20 и 19:19.
Германија подобро го почна натпреварот и во 5.та минута имаше водство од 11:2, па селекторот на „црвената фурија“ Серџио Скариоло беше принуден да побара тајм аут. Неговата селекција до крајот на периодот успеа да ја намали предноста на ривалот. Во второто полувреме Шпанија одигра ефикасено пред се во нападот и постигна 50 поени што беше клуч за победата.
Најефикасни кај победникот беа браќата Гасол, Марк реализираше 28 поени, а Пау 19. Кај Германија најпрецизен беше Денис Шредер со 27 поени.
Во второто четвртфинале вечерва од 20:30 часот играат Словенија - Летонија и во четврток Шпанија со победникот од овој дуел ќе игра во полуфиналето.
Утре на програмата се четвртфиналните натпревари: Грција - Русија и Италија - Србија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат
-
Телешко месо во месарите по цена од над 800 денари за килограм, а фармерите со „кратки ракави“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно