-->
-->
Евробаскет 2015: Франција 3/3, Паркер најдобар стрелец на европските првенства
-->
По натпреварите од 3.коло од А и Д групите само селекцијата на Франција остана непоразена и има три победи. Најдобриот европски играч последните две години Тони Паркер на дуелот со Полска со првиот постигнат кош стана најдобриот стрелец на европските првенства. Тој до овој дуел имаше 1.030 поени, а вечерва постигна 16. Со првиот кош што беше изедначување 2:2 Паркер го мина Никос Галис на листата на стрелци.
Без победа по три одиграни дуели се Русија и Украина.
Резултати на натпреварите од 3.коло.
А група:
Финска - Русија 81:79
Израел - БиХ 84:86 (75:75)
Франција - Полска 69:66
Табела: Франција 3-0 (победи-порази), Израел 2-1, Полска 2-1, Финска 1-2, БиХ 1-2, Русија 0-3.
Д група:
Литванија - Белгија 74:76,
Чешка - Летонија 65:72,
Украина - Естонија 71:78.
Табела: Чешка 2-1, Белгија 2-1, Литванија 2-1, Летонија 2-1, Естонија 1-2, Украина 0-3.
Утре е слободен ден во групите А и Д, а се играат натпреварите од групите Б и Ц.
Б група двојки 3.коло:
Србија - Исланд
Германија - Турција
Шпанија - Италија
Ц група двојки - 3.коло:
Словенија - Холандија (15 часот пренос СИТЕЛ 3)
Грузија - Грција (18 часот пренос СИТЕЛ 3)
Хрватска - Македонија (21 часот пренос СИТЕЛ).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вархеји: Меѓувладини конференции идниот месец со Србија и Албанија, можеби и со Македонија
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Од утре дел од образовните асистенти почнуваат со работа
-
Игротеките и училиштата ризик за ширење на заразни заболувања помеѓу децата
-
СДСМ: Мицкоски понуди платформа што самиот не ја почитува
-
ВМРО-ДПМНЕ повика ДКСК и ЈО да го проверат имотот на Филипче
-
ДЗС остана само со еден функционален „Ер трактор“
-
Не се знае кога ќе се делат ваучерите за инвертери