Македонија
14. October 2015 - 8:12

Еве какво време не очекува денес

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната температура од 16 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе достигне до 20 степени.

В четврток, попладне и кон крајот на денот се очекува зголемување на облачноста и се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за создавање на слаба магла и намалена хоризонтална видливост.